На официјалната страна на јавни набавки во делот на склучени договори стои оглас кој го склучил ЈП Паркинзи Центар кој склучил договор со Агенција за привремени вработувања во износ од 660.800 денари. Така во делот на огласот на предмет на договорот за јавни набавки стои Ангажирање на агенција за привремени вработувања и лица додека во делот на износ со вклучен ДДВ изнесува 660.800 денари. Ова е едно од низата на вработувања по институциите на државната администрација.
Така само пред неколку дена имаше објава дека ЈП Комуналец Крива Паланка ќе троши 3 милиони денари за привремени вработувања исто така и инфоремација дека ЈП Водовод Куманово ќе троши над 4 милиони денари за привремени вработувања. Дополнително излезе информација дека општина Радовиш ќе троши скоро 4 милиони денари за вработувања и дека и општина Карпош троши над 4,6 милиони денари за вработување.
Очигледно е дека власта не ги исполни ветувањата за намалување на администрацијата и на вработувањата и дека се вработуваат луѓе по институциите секојдневно. Инаку власта велеше дека администрацијата е огромна и дека ќе се крати но според сите податоци и информации таа единствено се зголемува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.