Сопственикот на парцелата спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), фирмата „МГ Фешн“ ќе стопанисува со паркингот додека заврши мораториумот и биде утврдено што ќе може да гради на таа локација, пишува СДК.

Град Скопје на седницата која ќе се одржи на 26 декември, ќе им даде дозвола за вршење на дејност паркирање, со цел да се реши хаосот кој се создава откако „МГ Фешн“ го купи земјиштето на кое се наоѓаше паркингот со кој стопанисуваше Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. На паркингот еден месец рампите се кренати и не се наплатува паркирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.