Парк од 5000м2 со монтесори содржини ќе добие скопски Аеродром, на местото каде се избришани маркици за изградба на зградии.

Со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска ја посетивме локацијата на која ќе се наоѓа новиот мегапарк, предвиден во програмите на двајцата кандидати. Паркот ќе зафати површина од речиси 100.000м2, ќе се протега на потегот од паркот кај последна 5-ка сè до паркот „Авион“, со што е предвидено да стане еден од најголемите на територијата на Град Скопје, вистинско место за релаксирање на жителите.

На прес-конференцијата бев прашан за стопирањето на двете градежни маркици во Реонски Центар. Во текот на вчерашниот ден на моја иницијатива до Советот на Општина Аеродром беше поднесено барањето за започнување на таа постапка по што истата беше прифатена. Со овој чекор кој заедно со Советот го преземавме, местото предвидено за градежни објекти го пренаменуваме во парк од 5000м2 со монтесори содржини. – напиша Муцунски.

Тој го искоментира и вандалскиот чин на иништување на автомобилот на поранешната советничка Љубица Јанчева.

Околу вандалскиот чин кој се случи утрово врз автомобилот на активистката на СДСМ Љубица Јанчева, упатив најстрого осудување. Случајот е одраз на непостапувањето на МВР и треба да биде аларм дека е крајно време МВР и Оливер Спасовски да постапуваат на терен во Општина Аеродром! – посочува Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.