Папата Франциск по средбата со државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“ претпладнево пристигна во Спомен куќата на Мајка Тереза.
Папата со наведната глава се помоли пред споменикот на Мајка Тереза и положи цвеќе. Тој е придружуван од четири чесни сестри кои и припаѓаат на редот што го основа Мајка Тереза.
Во спомен куќата на Мајка Тереза, папата ќе има средба со претставници на верските заедници во земјава и со група граѓани од ранливите категории.
Поглаварот на Римокатоличката црква потоа ќе се упати на плоштадот „Македонија“ каде ќе отслужи миса на која се очекува да присуствуваат голем број граѓани од државава и околните земји од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.