Предмалку во Скопје беше почустуван нов земјорес. Потресот траеше неколку секунди и ги вознемири граѓаните.Се уште нема информации која е јачината.

Утринава земјорес имаше во Маврово кој беше почуствуван во цела Македонија.

Уште три земјотреси со локална магнитуда меѓу три и четири степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во државава. Првиот во 6 часот со интензитет од 3,6 степени, вториот во 13:26 часот со интензитет од 3,7 степени, а третиот во 12 часот со интензитет од 3,8 степени, изјави за МИА, Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Таа посочи дека епицентарот на земјотресите бил на границата меѓу епицентралното подрачје на Кичево и Гостивар – Тетово.

Покрај овие три, регистрирани се околу 30-тина послаби земјотреси. Активноста на раседите од епицентралното подрачје Кичево и Гостивар – Тетово се причина за појава на овие земјотреси, додаде Черних.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.