Паднато дрво предизвикало спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара.
Екипи на ЕВН работат на теренот на отстранување на дефектот.
Повик за инервенција бил примен и во Територијалната противпожарна бригада на Скопје, од каде било испратено возило, но немало потреба од интервенција.
Жителите на Автокоманда и Железара синоќа беа сведоци на чудна светлина и искрење, а бројни реакции беа објавени на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.