Лифт се откачил и паднал во нова зграда во Карпош 4, на која сѐ уште не ѝ е направен технички прием, но десетина станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот, објави СДК.мк.
Несреќата се случила во средата, а во моментот во лифтот се рпевезувале четворица станари. За среќа, никој не е повреден.
Од Општина Карпош велат дека досега никој кај нив не го пријавил инцидентот. „Според нашите сознанија, зградата на оваа локација е во градба, односно нема технички прием и употребна дозвола. Ќе излеземе на терен со инспекција, рекле од Општина Карпош за порталот.
Фото: ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.