Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби ја објави победата на партијата од каде што доаѓа во уште четири општини.
Тој на Фејсбук напиша дека и Арачиново, Боговиње, Теарка и Желино се ДУИ.
Во Арачиново градоначалничка е Миликие Халими, а таму претходно СДСМ победуваше и на парламентарните избори. Кандидат на ДУИ за оваа општина крај Скопје е Ридван Ибраими, додека од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е Наим Синани.
Претходно, победата во уште три општини ја објави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Станува збор за општините Сарај, Липково и Пласница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.