Без вода денеска ќе останат неколку улици во општина Карпош поради уличен дефект од Ф-150 мм и дефект на шибер Ф-80мм на улица „Дрезденска“ 38 и „Анкарска“ во населба Тафталиџе.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Њу Делхиска“, „Дрезденска“, „Анкарска“, „Атинска“, „Алжирска“, „Бахар Моис“, „Римска“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Генерал Михајло Апостолски“, „Борка Талевски“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.