Граѓаните на Ѓорче Петров за оваа сабота најавуваат голем протест, поради нерасчистената депонија во Ново Село и ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да се спречи загадувањето да им се придружат.
ДОСТА беше со труењето на нашите деца, на нас и на нашите најблиски !
На 21 ноември упативме јавен апел до надлежните институции да превземат мерки за расчистување на најголемиот проблем за загадувањето во Ѓорче Петров, депонијата во Ново Село, а добивме МОЛК.
На многупати медиумите известуваа, се пишуваше, а ништо не се превзема.
Ѓорче се гуши, на сите мерни показатели сме убедливо на врвот.
Оваа депонија, која е канцер на цела општина едноставно не престанува да продуцира загаденост. Мрша, полиестер, најлони, гуми, шут.
Се шири неподнослива смрдеа! ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА ТИВКОТО УМИРАЊЕ – ДА ОДБЕРЕМЕ ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА!, порачуваат тие.
Протестот е закажан за сабота, 7 декември од 12 часот на влезот на депониката од страната на Ново Село, ул.„5“, 100 метри после „Тројка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.