Идеологот на СДСМ, новинарот Бранко Тричковски, кој е познат во јавмсота по своите некрофилски објави на социјалните мрежи полни со директни закани и повикување на смрт за политичките противници, повторно се истакна со својот помрачен ум.

Во својата најнова објава, Тричковски отворено зборува за стрелање во глава и убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Има време за смртта
Мицко му рекол на Бонд: Не е време за смрт.
Време е, му рекол Бонд и му свирнал еден смртоносен проектил во главата – напиша Тричковски.

Но, ваквите објави и ставови на Тричковски не би биле толку скандалозни, да немаат широка поддршка меѓу високи претставници и челнови на СДСМ, каков што е нивниот канддат за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски.

Тој самиот пред два-три дена се пофали дека токму Тричковски е еден од неговите ментори и, како што истакна, човек од кој има што да научи.

Од повозрасните секогаш има што да се слушне и научи. Благодарност за поддршката Ѓунер Исмаил, Љубомир Данаилов Фрчкоски и Бранко Тричковски – напиша Герасимовски објавувајќи фотографии од кафе-средба со стратезите на СДСМ.

По ваквите објави на Тричковски и јавната поддршка и прифаќање што Герасимовски ги има за нив се поставува прашањето како може човек што поддржува повици за смрт на политички шпротивници да биде градоначалник на скопска општина, а уште повеќе градоначалник на сите граѓани што живеат во таа општина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.