Откако поради доцнење на постапката за избор на најповолен понудувач за топол оброк, децата во основните училишта во Аеродром на почетокот од второто полугодие неколку дена останаа без топол оброк, градоначалникот Златко Марин најави дека ќе ги субвенционира оброците од општинскиот буџет, со цел родителите и годинава да плаќаат 1.500 денари месечно како досега, бидејќи од оваа година цената за двата оброци кои ги добиваат децата во училиштата е поскапа.

Но, вчера беше соопштено дека родителите чии деца посетуваат целодневна настава прво ќе мора да ја платат новата цена на оброкот од 1.990 денари, а Општината потоа ќе им враќа по 500 денари месечно како субвенција.

Денеска на „Фејсбук“, пак, беше споделен „топлиот оброк“ кој децата го добиле вчера.

Дали треба вака да изгледа топлиот оброк на дечињата од основните училишта во Аеродром? Дали по Правилникот е забранета храна (маргарин и сл) која содржи шеќери? За што родителите плаќаат енормно високи цени за топол оброк? Дали давањето на храна во пластика е дозволена? Се поставува и прашањето во какви услови се подготвува храната? Дали ги задоволува хасап стандардите?, прашуваат револтираните родители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.