По вчерашниот настан во центарот на Скопје кога еден жител упати погрдни зборови кон група Азијци се огласи и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој го осуди ваквото однесување.

Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на сè што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото. Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.
Драги скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.

Не, на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите !!!, напиша Шилегов.

За потсетување вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое скопјанец вербално ги напаѓа Азијците кои се на прошетка во центарот на Скопје. Тој упати погрдни зборови кон нив извикувајќи „Коронавирус, мрш од тука“и при тоа кажа неколку пцовки кон нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.