Ова е Сарај и никој не може да те спаси, вели во своето сведоштво за „Лидер“ набљудувачот кој денеска во село Бојане физички беше нападнат од страна на повеќе лица.

Дојдов уште рано изутринава во 8 часот, но бев избркан, затоа што не требало наводно да бидат двајца членови од опозицијата да бидат, јас ги послушав и излегов и не влегов до 12 часот, после тоа кога влегов и кога имав забелешка и реакација во однос на гласањето , дојде до судир, ме нападнаа и кажаа вака “Ова е Сарај во село Бојане и не може да се спаси никој , тука Шилегов направил пат и донел вода до некое место“, ијзави набљудувачот.

Потоа не успееја да ме изнесат од избирачкото место и потоа ја нападнаа и една од набљудувачите, девојчето плачеше. Овие неправилности ние секако ќе ги нотираме , изјави тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.