Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром, Александар Филиповски, во 2005-2006 година бил осуден условно на 1 година затвор за нанесување тешки телесни повреди на лицето Р.П., открива извор близок до учесниците во кампањата, пишува Плусинфо.
Настанот се случил некаде пред 16 години, кога е поведена кривичната постапка. Предметот за оштетното побарување на тешко повредениот се влечкал до 2012 година, кога е пресудено дека Филиповски мора да плати висока оштета.
Сево ова се гледа и од документите што се доставени до Плусинфо. Еве две фотографии на дел од пресудите.

Како може вакво лице, осудено за насилство, да биде избрано за градоначалник? Дотолку повеќе што имаме сознанија дека ова не е единствениот ваков настан поврзан за Филиповски – вели изворот.

Плусинфо консултираше правен експерт и утврди дека од формално-правен аспект, овие пресуди не го засегаат правото на Филиповски да избира и да биде биран.

Изречената казна одамна е избришана од казнената евиденција. Така налага законот. Тоа значи дека Филиповски ги има сите граѓански права и правно се смета за неосудуван. Друг е моралниот аспект на прашањето. Луѓето подолго од законот ги помнат ваквите дела и казните и затоа, не е невообичаено во кампањите заинтересираните страни да го вадат валканиот веш. Затоа е подобро кандидатите да имаат беспрекорни досиеја од овој аспект – вели експертот.

Извор: Плусинфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.