Од Град Скопје ги известуваат граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.08.2020 година (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 04.09.2020 година (петок), а ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин – се вели во соопштението.

Градските власти ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.