Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Ѓорче Петров Бојан Стојаноски реагира на мизерната реализација на капитални трошоци за општина Ѓорче Петров во период 1 јануари 2019 до 30 септември 2019 г. (три квартали) според извештај на Министерството за финансии.

Реализирани 36 милиони денари, а предвидени 134 милиони денари. Процент на реализација 27,22%! Пред нас се општини како Брвеница со 82,06%, Желино со 48,47%, Могила со 33,63%….

Но што може да се очекува од една локална власт и градоначалник како Александар Наумоски кој три години не може да заврши проекти кои се започнати, со обезбедени финансии (33 улици и фекална канализација во Волково, училиште во Хром, училиште во Волково, спортска сала во Волково итн.), кој нема започнато ниту еден, повторувам ниту еден проект во интерес на граѓаните.
Една реконструкција на улица, како Борис Сарафов (поранешна 4-ти јули) па скоро 5 месеци не можат да ја завршат, а каде ли да требаше да ја градат од ново.
За процент на реализација на капитални трошоци од 27,22% треба да следи ОСТАВКА!
Одговорно тврдам дека Ѓорче Петров немала понеспособна власт и понеспособен градоначалник!, пишува Стојаноски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.