Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов наместо во време на здравствена и економска криза предизвикана од ковид пандемијата да им ги намали трошоците на граѓаните за комуналии, даноци итн. тој им прави екстра трошоци на граѓаните. Шилегов најави дека ќе менува имиња на улици, без поширока дебата во јавноста. Градот Скопје го дополнува регистарот со имиња на уште 571 предлог. Шилегов ќе ги враќа имињата Ленинова, Бихачка, Железничка се предлагаат и имињата Нивици, Емри Елези, Девид Боуви, Медена земја, Есма, Леб и Сол.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави промена на именувани улици во Скопје. Покрај селото Нивици, каде беше потпишана промена на името, ќе се слави и призренска лига која ја основа идејата за Голема Албанија.

Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња, напиша Шилегов.

Па така, нови имиња на улици ќе добијат Призрени Имерделегат на Призренската Лига. Шкупи Јашар Беј, кој бил претседател на скопската филијала на Призренската лига и управител на Скопје во 1880/1981 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.