Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на скопската општина Кисела Вода, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, вети три нови спортски комплекси. Вели поддршка ќе добијат сите спортски чинители во општината.
Спортот е клучен за здравата иднина на нашата младина.
Преку спортот младите ги учат најважните лекции во својот живот, лекциите за дисциплина, фер и тимска игра и како само со труд можеш да успееш и да ја постигнеше целта.
Македонија има богата спортска историја, но и светла иднина кога говориме за ракометот.
Вчера остварив средба со членовите на ракометниот клуб Кисела Вода, овие млади луѓе, но и ветерани на спортот бараат само мала поддршка за да постигнат големи спортски успеси на кои сите ние ќе се радуваме.
Поддршката од општината ќе ја добијат во наредните четири години кога ќе го започнам својот мандат како градоначалник на Кисела Вода.
Поддршка ќе добијат и сите останати спортски чинители во Кисела Вода кој придонесуваат во развој на овој клучен аспект од општенственото живеење.
Во мојата програма се обрзувам на изградба на три нови спортски комплекси кој ќе допринесат во развојот на спортот во Кисела Вода – вели Орце Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.