Почнаа да пристигаат првите неофицијални резултати од избирачките места. Според податоците со кои располагаме, неофицијално, во убедлива предност во Кисела Вода има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓоргиевски.

На избирачкото место 2762/1 во Расадник за Ѓоргиевски гласале 227 жители на Кисела Вода, а за неговиот противкандидат, актуелниот градоначлник на општината, Филип Темелковски од СДСМ 116 гласачи.

Од пребројаните гласови на избирачкото место 2669/1 во Цветан Димов победата на Ѓоргиевски е убедлива, 162 гласа наспротив 91 за актуелниот градоначалник.

На избирачкото место 2770 пак, за Ѓоргиевски гласот го дале 218 ѓители на Кисела Вода, а за Темелковски скромно, само 61



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.