Општина Аеродром објави јавен повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта за учебната 2019/2020 година. Инаку овие средства за субвенција беа ветени уште во јануари годинава кога како снабдувач за топол оброк на основците беше избрана фирмата Далма кетеринг. Општината Аеродром тогаш најави дека ќе врати по 500 денари за топол оброк за секое дете на сметка на родителите, но реализацијата на најавата дури сега стигна на ред.
Општина Аеродром со цел да му излезе во пресрет на секое семејство од подрачјето на општина Аеродром што имало ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта и користел топол оброк за време на престојот, ќе му се исплати средства во износ од 25% од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500 денари“, соопштија од Општината. Јавниот повик ќе трае од 20 октомври 2020 година заклучно со 6 ноември 2020 година. Сите детални информации може да се најдат на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/4545, стои во известувањето на оваа скопска општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.