Службите на општина Кисела Вода стопирале нелегална изградба на објект со која биле прекршени законот и законските процедури.

Непознат сторител, без да поседува никакво одобрение за градба си поставил армирано-бетонска плоча на улицата „Борис Трајковски“.

 

Овој објект денес е срушен и ваквото однесување и навики од минатото завршуваат.
Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот.

 

Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите.
Никој не е и нема да биде над него! – информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.