Поради ниските температури и најновите прогнози за временските услови според кои постои можност и за првиот снег во Скопје, Општина Кисела Вода информира дека ги изврши сите подготовки за справување со евентуалните снежни наноси и замрзнати јавни површини.
Од Општината информираат дека обезбедени се 17.5 тони сол, а во текот на денешниот ден беа поделени околу 400 вреќи со сол по сите основни училишта, градинки, како и во месните и урбани заедници.
Со цел да овозможи непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот во зимски услови, по претходно спроведена јавна набавка, обезбедена е фирма која на терен ќе интервенира со возила специјализирани за чистење на снег од улиците. Дополнително, на располагање стојат и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.