Општина Карпош ќе годие грант (неповратни средства) во износ од 3.337.825 денари, за набавка на комунална механизација од типот на „комбиниран ровокопач – натоварувач“, преку проектот за подобрување на општински услуги (МСИП 2).

Одлуката е донесена на втората седница на општинскиот совет, а проценетата вредност на возилото е 4.542.882 денари, со што Општината ќе кофинансира 1.205.057 денари.

Проектот е финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а неповратните средства за набавка на ова возило, општина Карпош ги добива благодарение на успешно реализирана кредитна линија, со кој се реконструирани четири улици во населбата Тафталиџе 1.

 

Според известувањето на Министерството за финансии кое го достави до општина Карпош, возилото треба да помогне во решавање на комуналните проблеми (расчистување на потешко достапни депонии и сл.), во населените места Бардовци, Злокуќани и Нерези, кои се дефинирани како социјално најнеразвиени подрачја на територија на локалната самоуправа – информираат од општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.