Општина Карпош ги потсетува сите граѓани на правилно и совесно одложување на отпадот од своите домаќинствата.

Како што велат од општината, домашниот отпад задолжително треба да се одложува во големите контејнери кои ги поставува и подига ЈП „Комунална хигиена“ Скопје. Доколку постои потреба од поставување на дополнителни контејнери, заедниците на сопственици (куќни совети) потребно е да испратат барање до ова јавно комунално претпријатие.

Кабастиот отпад (застарениот мебел), пак, може да се одложи во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“, зад бензиската станица „Макпетрол“, во должина на бул. „Илинден“ (близу до СЦ „Борис Трајковски). Исто така, на телефонската линија 0800 – 222 – 33 може да се договори транспорт на кабастиот отпад од домаќинството до оваа претоварна станица.

Електричниот и електронскиот отпад (апарати, батерии и акумулатори) може да се подигне бесплатно од домаќинството со пријава на 070-236-000.

Исто така, од локалната самоуправа ги известуваат граѓаните дека активни се и броевите за пријава на диви депонии (078-421-954) и за оган на отворено (193).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.