Општина Илинден соопшти дека во соработка со ЕВН, континуирано работи на подобрување на електроенергетската мрежа и напојување на своја територија.
Со осовременувањето на електроенергетската мрежа и инфраструктура за дистрибуција се добива квалитетен и стабилен напон на електричната енергија на територијата на целата општина, што е од исклучително значење за развојот на општината и квалитетот на живеење на граѓаните – се наведува во соопштението на општинските власти.
Во моментов се работи во населено место Кадино, а од Општината потенцираат дека сите овие зафати овозможуваат поквалитетно снабдување со електрична енергија како на домаќинствата, така и на стопанството во Општина Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.