Општина Илинден почна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во делот на населба Јака и околината, во должина од околу 7.600 метри, а со изградбата на фекалната канализација ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината.
Со изградбата на фекалната канализација ќе се реши долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден, а воедно ќе се подобри квалитетот на животот и ќе се заштити животната средина – порача градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, кој изврши увид во работните активности.
Градоначалникот Георгиевски додава дека вакви капитални проекти ќе бидат во фокусот на неговото работење во следните четири години.
Вредноста на овој капитален проект изнесува над 20.000.000 денари, средства обезбедени од ТАВ Македонија. По изградбата на фекалната канализација ќе се изгради и пречистителна станица, која ќе ги прифати фекалните отпадни води од канализацијата – информира Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.