Во текот на минатиот месец општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле“ – Скопје изврши машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот низ централниот дел на Миладиновци. Исчистени се 2.700 метри, односно 200 метри повеќе од планираното, при што се отстранети трска, капини, шавор и друг наносен материјал, соопшти Одделението за поддршка на градоначалникот на Општината.
Како што посочуваат оттаму, од почетокот на годината, досега се исчистени 23 километри од каналската мрежа којашто на територијата на општина Иинден се протега во должина од 120 километри.
Во наредниот период предвидено е да се исчисти Главниот канал во централниот дел на населбата Илинден и населеното место Марино во должина од 4000 метри. Континуираното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали со што се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението и во наредниот период останува приоритет во работењето на општина Илинден – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.