Бранко и неговиот син, жители на Ѓорче Петров, ќе добијат финансиска поддршка и помош за привремено сместување од општината. Нивната куќа изгорела во пожар пред два месеци.
Градоначалникот Александар Стојкоски ги посети и разговараше со таткото кој објасни дека му објасни дека им треба место за да ја поминат зимата. Стојкоски беше дециден дека ќе направи сѐ за итно да се најде привремено сместување со хумани услови за живот, додека да се изнајде трајно решение за пеплосаниот дом.
Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. До сега, летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини. Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик, посочи Стојкоски.
Уште во текот на викендот градоначалникот стапи во контакт со службите во општината, а потоа и со Центарот за социјални работи. И од нив е побарано да се ангажираат за синот на Бранко да биде сместен во интернат.
Делуваме и институционално и веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега, додаде Стојкоски.
Jас спијам во автомобилот а синот во подрум, немаме пари ни за леб, вели Бранко Цветковски од скопско Волково, кој е самохран татко на седумнаесетгодишно дете со посебени потреби.
Животот не го милувал. Најпрвин останал без својата жена, потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опожарен пред два месеци и сега живее под отворено небо со своето дете.
Останавме под ведро небо, јас спијам во автомобилот, а синот во подрумот, немам ниту јорган ниту ќебе, немам каде да одам. Поднесов за помош во Општина Ѓорче Петров, но од таму се уште немам никаков одговор. Од роднините нема никој да ми помогне. Детето не е хрането цел ден, немам што да му дадам, јас кога би имал една соба сега само да сме под покрив – вели Бранко.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на нозе и да си го подобри животот тоа може да го направите на трансакциската сметка 210501705412630 на синот Бојан Цветковски или пак телефонскиот број 079 213 071.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.