Општина Гази Баба организира голема хуманитарна акција под мотото „Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ“.
Акцијата е на иницијатива на градоначалникот на општината Бобан Стефковски и има за цел да се обезбедат 500 хуманитарни пакети со намирници во храна кои ќе бидат поделени на социјални семејства од територија на Општината.
Како што информираат од Општината, за спроведувањето на акцијата е потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и „Макстил“, „Либерти Скопје“, „Мак Аутостар“, „Пивара Скопје“ и „Виталиа“, приватни компании кои прифатиле соработка за спроведување на оваа хуманитарна акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.