Општинскиот Совет  на Чаир едногласно ја усвои одлуката за финансиска помош. На вонредната седница на Советот на Општина Чаир, која ја свика Градоначалникот Висар Ганиу за дефинирање на институционална помош за местата погодени од силниот земјотрес во Република Албанија, од страна на сите присутни советници едногласно се усвои оваа одлука:

Општина Чаир доделува 720 000 денари (12 000 евра) финансиска помош за Република Албанија, односно за регионот погоден од земјотресот.Тој им се заблагодари на советниците за брзото мобилизирање и освен оваа финансиска помош, денес собираме и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во градот Драч и неговата околина, како што се: ќебиња, медикаменти, прехрамбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго.Истотака, веднаш штом слушнаа за институционална мобилизација на Општина Чаир, на нашата хуманитарна иницијатива за обезбедување на помошни материјали и се придружија и многу домашни компани како: Ефтинија Импекс, Херба, Луто Комерц, Хост МК, Баст Тути Фрути, Буши Ресорт и Риа Transfer Money. Се надеваме дека оваа мобилизација ќе биде мотив многу компании да се приклучат и да помогнат, соопштија оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.