Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и регулирање на сообраќајот во овој дел, Општина Центар вчераутро постави заштитни столпчиња на улицата Костурски херои, спроти Универзалната сала.
Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по многубројните поплаки од жителите, кои пристигнуваат во општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос што се создава на оваа делница – информираат од Општината.
Оттаму додаваат дека се поставени вкупно 47 столпчиња на улицата Костурски херои, на потегот од раскрсницата со улицата Радњанска до вклучувањето на булеварот Партизански одреди.
Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата и ќе се намали метежот на овој потег. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила, да ги почитуваат законските одредби при возењето и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња – велат општинските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.