Дали при реконструкција на улицата „9 Мај“ е ставен потенок слој од асфалт отколку што било предвидено? На ова прашање, расчистување иницира градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. Тој денеска на Фејсбук објави дека по започнување на градежните активности на улицата „9-ти Мај“, се утврдиле одредени недостатоци произлезени од последната реконструкција.
Според проектот за реконструкција изготвен во 2007-ма, дебелината на слојот требала да биде 9 см, додека на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 см. Недомаќинското и неодговорно работење во Центар е одамна минато и сакам да информирам дека општината за пропустите во овој случај ќе отвори постапка за вештачење, објави градоначалникот Богдановиќ.
На објавените фотографии се гледа дека слој на асфалтот е дебел само неколку сантиметри. Вештачењето ќе треба да покаже дали е таква дебелина и на останатите делови од улицата која е зад се уште нереновираната Универзална сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.