Советот на Општина Центар на следната седница ќе донесе долука за доделување парична помош од 800.000 денари за настраданите од земјотресот во Република Албанија.

Средствата се од постојаната резерва на Буџетот на Општина Центар за 2019-та година, а ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот Крст на Република Македонија за настраданите од земјотресот во Албанија.

Серијата земјотреси, од кои најсилниот со 6,4 степени по Рихтеровата скала, со епицентар близу Драч, одзеде над 50 животи, над 1000 граѓани се здобија со повреди, а голем број останаа без покрив на главата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.