По извршениот инспекциски надзор на угостителски објекти со кој се утврдува легалноста на поставена урбана опрема надвор од деловен објект, Општина Центар започна со отстранување на нелегалните тераси на повеќе од 20 објекти.
Во процедура се и други извршни решенија по кои општината ќе постапува во наредниот период.
Предмет на отстранување се објектите кај кои е утврдено дека, и покрај немање Одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, истите ја поставиле опремата и направиле тераси со кои бесправно узурпирале јавен простор.
На листата објекти кај кои Општина Центар во изминатиов периодутврдила нерегуларности и согласно тоа следува отстранување на терасите се: Ресторан Гурмет, Кафе бар Паладиум, Кафе бар Кофи Фектори, Гостилница Сушико, Гостилница Лантерн, Ресторан Барака, Кафе Бар Броз Кафе, Гостилница Фрути ди Маре, Кафе Бар Деус, Бистро Правда, Кафе бар Нано бар, Гостилница Бруклински, Гостилница Булевар, Кафе Бар Винил, Кафе бар Џус Бар, Кафе бар локал 45 и Гостилница Сквер.
Инаку, споменатите објекти по доставено барање до Град Скопје за вршење дејност надвор од својот деловен простор и поставување урбана опрема добиле официјално Решение од Градот со кое нивното барање се одбива. Но и покрај тоа, тие постапиле спротивно од Решението.
Согласно процедурата, иснпекциските служби на Општина Центар по извршениот увид, му издаваат на инвеститорот Решение за отстранување на што претходи определен законски рок и можност инвеститорот сам да постапи по Решението. Доколку инвеститорот не го стори тоа, општината со полициска асистенција, ќе го отстрани нелегалниот дел, се наведува во соопштението од општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.