На последната 65-та седница на Советот на Општина Центар, која се одржа во четвртокот, со носењето на измените и дополнувањата (ребалансот) на Буџетот на општината, се одвоија средства и за субвенционирање на купување велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети.

Акцијата е започната заклучно од 1 јуни и со одвоените средства ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од 1 јуни, потребно е да ги достави следниве документи:

Пополнето барање за субвенционирање;

Копија од лична карта;

Копија од трансакциска сметка;

Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6, почнувајќи од задутре, понеделник. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и за субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.