Општина Аеродром упати јавен апел до сите лица со инвалидитет кои имаат потешкотии при паркирањето на своите возила во близина на своите живеалишта, да достават уредно барање до Општина Аеродром за бележење и исцртување на нови паркинг места.

Се обврзуваме дека нашите служби во најбрз можен рок ќе излезат на терен и веднаш ќе започнат со решавање на еден од најголемите проблеми на оваа категорија граѓани.

Градиме општина која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.