Предлогот за неплаќање на сметките во градинките додека траат вонредните мерки не бил прифатен и не стасал на дневен ред во Општина Аеродром, информира Весна Маркоска, член на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во оваа скопска општина.
Како член на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во #ОпштинаАеродром ги информирам родителите што ни се обратија за помош дека на денешната, 41ва седница на Советот не ни беше прифатен предлогот да се прошири дневниот ред со дополнителна точка (за која очекувавме да се вклучат во дискусија сите членови на советот) – Управните одбори на градинките да донесат согласност за неплаќање на надомест во период на траење на вонредната состојба и вонредните мерки, објави Маркоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.