На граѓаните кои аплицирале за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња, средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори, информираат од Општина Аеродром.
Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.
Дополнуваат дека по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8 000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3 500 денари за првачиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.