Скопската Општина Аеродром почна да мери бучавата во животната средина и на  две места е констатрано надминување на дозволеното ниво.

Мерењето ја опфати бучавата од угостителските објекти, автопералниците и бучава што се емитува од надворешните единици на клима-уредите од маркетите.

На две места од извршените мерења резултатите покажаа надминување на максимално дозволеното ниво на бучава за што ќе бидат преземени соодветни мерки согласно со Законот за заштита од бучава.
Во периодот што следува континуирано ќе се вршат мерења на бучавата по пријава од граѓани, но и по службена должност. Општина Аеродром упатува апел да се почитуваат пропишаните правила и закони, бидејќи прекршувањата според член 56 и 57 од Законот подлежат на високи глоби, кои се движат од 2.000 до 3.000 евра за трговци поединци, а од 6.000 до 98. 000 евра за микро, мали, средни и големи трговци, соопштија од Општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.