Вчера и денес општина Аеродром го дише најзагадениот воздух во земјава, а државава е на 6. место во Светот по нечист воздух. Жителите на општина Аеродром го имаат најнеспособниот градоначалник Златко Марин кој направи општина со најзагаден воздух буквално преспивајќи три години од мандатот, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Како што соопштува партијата, едно од клучните ветувања на Марин беше дека ќе работи на општина со почист воздух.

Три години потоа Аеродром особено Лисиче руши рекорди по најзагаден воздух. За три години освен мала шминка Златко Марин не изгради ниту еден нов парк и не создаде ниту една зелена површина. Дивите депонии особено тие на потегот на кејот на реката Вардар останаа акутен проблем на општината. Дополнително во општина Аеродром продолжи да се гради без план но нудејќи вносни бизниси на бизнисмени на власта блиски до Златко Марин. Во Лисиче вчера загаденоста беше 363 ПМ 10 честици на м3, дури два пати повеќе од Карпош втора рангираната општина по загаден воздух. Бројките покажуваат дека Марин не мрднал со малиот прст за еколошка општина Аеродром. Неспособноста на Марин донесе загаден воздух. Затоа граѓаните ќе го казнат Марин, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.