Општина Аеродром формира посебна комисија, која денеска изврши увид на топлиот оброк што почна да се служи од минатата недела во сите основни училишта, објавија на својата страница на Фејсбук.

Притоа е констатирано дека храната се служи топла, во чинии од инокс, а учениците се задоволни од нејзиниот вкус и количина. Комисијата е формирана по големиот број шпекулации што се појавија деновиве во врска со квалитетот на храната, велат од Општината.

На социјалните мрежи денеска се споделуваше фотогафија од топлиот оброк кој се послужува во основните училишта во Аеродром.

Родителите чии деца јадат топол оброк во осумте основни училишта во скопската општина Аеродром ќе мора да ја платат целата сума од 1.990 денари, а Општината ќе им враќа 500 денари секој месец. Договорите за топол оброк во второто полугодие им беа врачени на учениците во петокот. Родителите треба да го потпишат договорот со фирмата „Далма кетеринг“.

Но, враќањето пари кое го најави Општина Аеродром предизвика забуна кај родителите, кои уште не знаат на кој начин ќе биде тоа направено.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.