Комуналните служби на општина Илинден почнаа акција за расчистување на дивите депонии во близина на парк-шумата во Миладиновци, како и на делот од Миладиновци кон автопатот.

Екипите на ЈКП „Илинден“ и општествено одговорни компании почнаа голема акција за расчистување на дивата депонија во близина на парк шумата во н.м. Миладиновци како и на потегот од Миладиновци кон автопатот од левата и десната страна.

 

Јавната чистота и заштитата на животната средина се приоритет за мене како градоначалник на Општина Илинден, а со чистењето на овие депонии значително ќе придонесеме за намалување на аерозагадувањето, а ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата – порача градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски.

Градоначалникот Георгиевски најавува дека чистењето на овие депонии е само еден дел од целта, а тоа е спречување на повторното создавање на вакви депонии.

Затоа апелирам до несовесните граѓаните да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина, а воедно најавувам дека ќе бидеме максимално ригорозни со казнувањето ако се депонира отпад – вели Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.