Ретко кој го почитува урбаното колективно живеење. Ако порано се знаеше дека строго е забрането да се паркира во парковите и тревниците тоа сега е сосема нормална појава.

Аеродром конкретно се смета за една од најурбанизираните општини и место каде се гледаше примерот на урбаното живеење. Дали и сега е така?

Доволно е да погледнеме околу зградите и да се увериме во промените кои дојдоа.
Парковите станаа паркиралишта. Тревниците речиси и ги нема. Секој паркира што поблиску до влезот на објактот. Ретко кој се грижи за зелените површини а лошо стоиме и со хигиената.

Полицијата и останатите надлежни институции го толерираат ова безредие, што додатно ги револтира граѓаните со свест и совест.

Фотографиите се од утрово и се споделени од наш сограѓанин под наслов „Опинците од Ајро“.

извор: Скопјеинфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.