ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија.
-На мое големо задоволство и благодарение на донацијата од „Кроациа Осигурување“, денеска официјално ја пуштивме во употреба новата сензорна соба во основното училиште „Лазо Ангеловски“. Со ова ја исполнуваме зацртаната цел, најголемото училиште во Македонија да биде целосно инклузивно, а учениците да ги имаат потребните содржини за олеснет образовен процес, соопшти градоначалникот Тимчо Муцунски.
Муцунски заедно со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, претседателот на Советот Дејан Митески и претставници на компанијата „Кроациа Осигурување“, го посетија ова основно училиште.
-Оваа посета го означува и официјалниот прием на донацијата која оваа општествено–одговорна компанија ја реализираше за учениците од ова училиште во Аеродром.По поставувањето на пристапните рампи и знаци, пристапен лифт и инклузивни тоалети, со денешната донација на сензорната соба се затвори уште еден инвестициски циклус кој е важен за лицата со попреченост и нивниот пристап со основното училиште, информираше градоначалникот Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.