Со донација на обложувачниците Спорт лајф игралиштето во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје е комплетно реновирано во мултифункционално спортско игралиште за фудбал, одбојка, ракомет.
Новото спортско игралиште е од отворен тип и ќе се користи како за потребите на училишната настава, така и за слободни активности на децата вон наставата.
Особено сме среќни што овој проект се реализирауспешнои што ќе овозможи децата да се рекреираат, спортуваат и притоа стекнуваат голем број вештини важни за нивниот психофизички развој. Наша заедничка цел е развој на спортот и здравјето на децата во нашето општество. Посакуваме да се користи што почесто и за разни настани во духот на спортот и спортскиот живот, велат од Спорт лајф.
Директорот на училиштето Јовица Остоиќ изрази голема благодарност за донацијата на Спорт лајф, истакнувајќи ја како пример за поттикнување на развојот на спортот во земјата, преку создавање на соодветни услови за спортување на децата уште во рана возраст.
Вкупната инвестиција за комплетно реновирање на спортското игралиште изнесуваше 1,5 милиони денари, информираат од Спорт лајф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.