Оџакот на Гинеколошка болница во Чаир ќе продолжи да го загадува воздухот. Тендерот за гасификација на овој објект е стопиран. Пред еден месец Министерот за здравство извести дека објавен е тендер, но сега тој вели дека тендерот треба повторно да се објави поради тоа што не се обезбедени дозволи од неколку општини.

Од Гинеколошката болница велат дека сега дозволите се обезбедени и дека документацијата за почеток на постапката е комплетирана но нема информации кога ќе започне гасификацијата. Илир Шурдани, портпарол на оваа болница се надева дека следната зимска сезона Гинеколошката болница ќе ја дочека со гасификација.

„Подготовката на документацијата за гасификација е комплетирана. Дополнително треба да се добие дозвола од Советот на општина Чаир и Управата за внатрешни работи, Одделот за експлозивни направи, двете дозволи се добиени и доставени во МЗ, во проектното одделение“, за 21ТВ, изјави Илир Шурдани, портпарол на Гинеколошка болница Чаир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.