Скопските пожарникари најавија нови протести, градоначалникот Петре Шилегов им се закани дека ќе распише оглас и дека ќе прими нови пожарникари.
Пожарникарите побараа со платите да им се исплаќа надомест за опасност на работното место, а тој им рече дека за да се случи тоа, треба да се смени законот, во јуни 2021 година.
Пожарникарите ќе се преселат пред канцеларијата на градоначалникот Шилегов, но најавија дека нема да ги доведат граѓаните во опасност, бидејќи во секое време во нивната база ќе функционира дежурната чета подготвена за евентуални интервенции.
Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може, им рече Шилегов во тензичната расправија.
Такавиот негов однос наиде на голем број критики на социјалните мрежи, особено на Твитер.
Без разлика дали објективно си во право дека у моментов проблемот е нерешлив, изјавата дека ако ПОЖАРНИКАРИ си дадат отказ, ќе ги замениш со нови, е крајно деградирачка, понижувачка е без трунка емпатија за луѓе шо ризикуваат свој живот. Изјава што од чоечки аспект е тешка брука.
— Бапчо (@TheFitzzz) October 27, 2020
Абе земете тоа Шмрковите прскајте го док не почне да цвичи!
Оваа битанга ќе се заканува на Пожарникари, о маметиебам твое хохштаплерско! pic.twitter.com/TWbtVEceNl— Марга (@TebeTiZboram) October 27, 2020
Значи ти фалат 200 пожарникари и ти им се курчиш и на тие што ги имаш за нешто што им следува по закон. Типично комуњарско клошарско понашање кога се на власт. https://t.co/qs8urBIcxi
— John Q (@johnqqqqqqq) October 27, 2020
Градоначалнику Шилегов, никој не Ве држи со сила на работа, ниту пожарникарите ги плаќате од свој џеб. Пожарникарите, за разлика од Вас, работат, ризикуваат и спасуваат животи. pic.twitter.com/ftrWtn9NHP
— Ивон Величковски (@IVelichkovski) October 27, 2020
“Шилегов до пожарникарите: Ако ви е мала платата, најдете си друга работа”!?!?
– Страшен цинизам, страшна ароганција, губење контакт со реалноста! Тие луѓе не заслужуваат ваков третман. Дно!!!— Командант Марк (@milanzng) October 27, 2020
Без пожарникари не можеме, без Шилегов едвај чекаме…
— Бомбица (@Bombica12) October 28, 2020
Шилегов: Васиљ акo ти е мaлa плaтaтa, сликај канти на друго место
— Мартиан (@MartianfromMKD) October 26, 2020
Шилегов до пожарникарите: Ако ви е мала платата, скенирајте фискални
Ајдеееее манга pic.twitter.com/ZjJh0FhRlV
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) October 27, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.