Одложено е отворањето на дино-паркот во Зоолошката градина за околу еден месец, првенствено поради ниските температури кои се најавени за претстојниот период, но и новиот бран на зараза со коронавирусот

Отворањето и претходно беше одложено, а како главна причина за тоа се наведува кризата која настана како последица на пандемијата.

Во новиот Дино парк веќе се поставени 41 диносаурус во природна големина, а посетителите наскоро ќе имаат можност да ги разгледаат диносаурусите што се движат и испуштаат звуци, идентични како оние што ги правеле и вистинските диносауруси кои некогаш оделе по Земјата. Сите што ќе сакаат да ги видат диносаурусите, треба да платат влез од 50 денари, цена која, како што велат од Зоолошката градина, е исклучително ниска кога станува збор за ваков тип парк..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.