На улицата „Новопроектирана 3“ во населбата Тафталиџе 1 во општина Карпош се одбележува хоризонтална и вертикална сигнализација.

Како што информираат од општината, се бележат пешачките премини и се поставуваат и сообраќајни знаци, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Улицата е во должина од 142 метри и девет метри широчина и е меѓу пофреквентните сообраќајници во населбата.

Оваа сообраќајница ги поврзува ул. „Прашка“ и бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а во нејзина должина се изведува и велосипедска патека.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.